Бизнис
Странските компании бараат навремена државна помош и грижа за одржување на бизнисот
Митко Јовановски | Авторот е новинар во Економија и бизнис
Економија и бизнис | печатено издание | 01 март 2025г.
Анкета на Советот на странските инвеститори за перцепцијата за деловниот амбиент во земјава
Над половина од компаниите кои членуваат во Советот на странските инвеститори во нашава земја нема да инвестираат или не знаат дали повторно ќе инвестираат во Македонија доколку за тоа треба да одлучуваат сега за прв пат. Само 48 отсто од анкетираните фирми потврдиле дека би инвестирале, негативен одговор дале 30 отсто од компаниите, а во 22 отсто одговориле со „не знам“. Ова е општата перцепција на странските инвеститори за домашната бизнис-клима, која произлезе од сеопфатната редовна анкета која се спроведува од страна на Советот на странски инвеститори во која учествуваа 50 компании кои вработуваат 40 000 работници. Овие одговори се доволно индикативни и имаат своја „економска тежина“ ако се знае дека од почетокот на нивната работа во Македонија имаат значително учество во македонскиот извоз и инвестирале над 4 милијарди евра, а само лани тие инвестирале 270 милиони евра. За споредба, во 2023 година 40 отсто одговориле со „да“ на истото поставено прашање.
Целиот прилог можете да го прочитате на следниот ЛИНК