Интервјуа
Каде ќе се летува во сезона 2025 и зошто ран букинг?
Разговор со Васка Маневска, основач и сопственик на Лабранда Травел
27.02.2025г.
Лабранда понуди за лето 2025
Лабранда Травел е туристичка агенција со седиште во ТЦ Бисер / 1 кат, населба Аеродром, Скопје. Основана е во Јануари 2023 година и веќе трета сезона со исклучително добри понуди настапува на македонскиот пазар. Основач и сопственик е Васка Маневска.
Имено, во моментов во Лабранда се започнати понуди во ран букинг плус големи попусти за неколку дестинации и траат од 26.02.2025 до 01.03.2025.
Како помина сезоната 2024 во Лабранда и дали имате некои новитети за следнава сезона?
В. Маневска: 2024 помина одлично, имаме 110% раст во број на патници.
2025 ја започнавме со полно аранжмани за зимување на Копаоник, Златибор, Доломити во Италија, Банско, Боровец, Пампорово.
Работиме интензивно и на индивидуални аранжмани / патувања на Малта, Истанбул, Дубаи, Катар, Италија, Англија, Германија, Холандија...
Еден од новитетите за следнава летна сезона е поширока палета на хотели во Шпанија, покрај Коста Брава ја имаме и Валенсија, летуваме во монденскиот Бенидорм.
Имаме директен лет од Скопје за Коста Брава / летаме во Барселона а за Валенсија сме со прелет Скопје / Белград / Валенсија.
Имаме пар летови и за Сицилија, размислуваме и за Кипар.
Следен новитет се зголемен број на чартер летови неделно за Египет, беа 2 а сега се 3, се лета од 19.05.25 до 20.10.2025.
Во Тунис имаме пар нови хотели а во Турција и Грција многу поголема понуда за следнава сезона.
Во Вашата понуда имате повеќе дестинации како што се Тунис, Анталија, Грција (само хотели) и нова дестинација Сицилија. Но зошто токму Египет и понатаму е вашиот приоритет?
В. Маневска: Египет нема замена. Нај адреналинска дестинација со многу екскурзии.
Располагаме со отмени хотели и ултра модерни и ги имаме лично посетено скоро сите хотели од понудата.
Патем, многу патници секоја година - повторно и повторно летуваат во Египет и тоа по неколку пати годишно.
Хургада е омилена дестинација на патниците и од Македонија и од дијаспората.
Каков е интересот за ран букинг во 2025?
В. Маневска: Интересот е солиден, цените во декември и јануари се прилично пониски, делумно и во февруари.
И патниците од Македонија веќе ги следат странските трендови на рана резервација. Со уплата во ран букинг резервација се прави со уплата на 30% од аранжманот а остатокот од 70% се доплаќе 15 дена пред почетокот на аранжманот. Изборот на хотели и ресорти е поголем во ран букинг како и деновите на престој на одредена дестинација.
Лабранда преферира електронски уплати, патниците уплаќаат од дома со електронско банкарство или во банка, немаат дополнителни трошоци за доаѓање во агенцијата, патниците имаат максимална приватност при уплата која верувајте дека е многу битна.
Какви типови на хотели има Лабранда во својата понуда?
В. Маневска: Имаме неколку групирања на хотелите: само за возрасни, хотели со журки, хотели со ultra all inclusive, хотели за со мали дечиња, хотели за со поголеми деца – со тобогани и базени, центарски хотели, хотели со најголеми плажи, хотели со корални плажи... се обидуваме на сите клиенти да им го понудиме токму она што го очекуваат од одморот.
Имаме и ексклузивни хотели, имаме и нови ултра модерни хотели...
Можете ли да потенцирате пар хотели и ресорти кои ќе се ин во Лабранда оваа сезона, на пример еве на три дестинации?
В. Маневска: Оваа сезона ин хотели во Египет / Хургада сe Iberotel Makadi, The V Luxury, Fort Arabesque, Palm Royale, Sunrise Tukana, Steigenberger Ras Soma, Premier Le Reve, Jaz Makadina, Citadel, Jaz Casa Del Mar, Sunrise Mamlouk, Sunrise Holidays...
Во Тунис се Royal Azur Thalasso, Steigenberger Marhaba Thalasso, Hilton Skanes, брендовите Sentido и Iberostar…
И во Турција Sunis Elita, Sueno Hotels, Kirman Sidera Luxury & Spa, Litore, Selectum Elite, Emelda Sun Club, Calimera Serra, Justiniano Park Conti, Orange County Family Concept хотелите, Royal Alhambra Palace, Rixos Sungate...
Каков тип на патници таргетирате во Лабранда?
В. Маневска: Патници кои препознаваат квалитет, патници кои сакаат да уживаат во отмен хотел.
Патници на кои помеѓу цена и квалитет – побитен им е квалитетот, патници кои почитуваат кога ги контактираме додека се на дестинацијата на која отпатувале...
Засега можам да кажам само дека имаме ретко добри патници со кои многу лесно договараме аранжмани, кои еве веќе втор или трет пат ни доверуваат да им го организираме одморот / патувањето.
Kaкви се Вашите очекувања за 2025?
В. Маневска: Полека се издвојуваме како агенција со исклучиво квалитетни аранжмани и модерни хотели и ресорти. Очекуваме голема бројка на патници за Египет и Турција / Анталија и солидна бројка на останатите дестинации.
Веќе имаме одлични резервации за сезона 2025, очекуваме да имаме уште повеќе пред старот на летовите.
Туристичка агенција ЛАБРАНДА
www.labranda.mk
Лабранда на Facebook
info@labranda.mk
+389 72 320 560
ПРЕПОРАКИ – Лабранда
ТЦ Бисер, Аеродром, Скопје