Финансии / Банкарство
БЕРЗИТЕ ВО ПОРАСТ ПОРАДИ ОПТИМИЗМОТ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ ПО ИЗЈАВИТЕ НА ТРАМП
24.01.2025
Берзанскиот индекс на СиП 500 вчера на Вол Стрит достигна рекордно ниво по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој побара намалување на каматните стапки и цената на нафтата. Индексот Дау Џонс зајакна за 0,92 отсто, на 44.565 бодови, додека СиП 500 порасна за 0,53 отсто, на 6.118 бодови, а Насдак за 0,22 отсто и достигна 20.053 бодови.
Индескот СиП забележува раст четири дена по ред, благодарение на оптимизмот кај инвеститорите, посебно по обраќањето на Трамп пред Светскиот економски форум во Давос, каде побара од ОПЕК да ги намали цените на нафтата, а од централните банки да ги намалат каматите, пренесува „Индекс“.
фото freepic