Интервјуа

Боцески: ЗДРАВАТА АТМОСФЕРА И ДОБРИОТ СИСТЕМ НА НАГРАДУВАЊЕ СЕ ПРЕДУСЛОВИ ЗА ЗГОЛЕМЕНА ПРОДУКТИВНОСТ

Економија и бизнис | печатено издание | 15 декември 2024г.

1. Успешното работење на фирмите зависи и од ангажирањето на квалитетен и на обучен кадар за да може да одговори на поефикасно остварување на поставените деловни политики. Колку во вашата компанија се посветува внимание на постигнување на поголема продуктивност преку подобрување на внатрешната работна атмосфера и на мотивираноста на работниците?

Квалитетниот и обучен кадар секогаш е од екстремна важност за која било компанија и основен предуслов за квалитетен раст на компанијата, но со миграциските процеси кои, за жал, се сè поизразени во последниве години, како и реалната инфлаторна стапка која ги покачува во силна мера оперативните трошоци на компанијата, станува сè потешко да се најде вистинскиот баланс меѓу профитабилноста на компанијата и степенот на оперативни трошоци кои може да си ги дозволи. Нептун Македонија тука не прави компромиси и успешно наоѓа начини континуирано да ја засилува својата лидерска позиција на пазарот преку зголемена продуктивност во својата оператива, а здравата работна атмосфера и добриот систем на наградување се еден од главните предуслови.

2. Колку ви помагаат обуките и работилниците кои ги организира М6 Едукативниот центар?

М6 и Нептун Македонија не случајно се долгогодишни партнери кои реализираат успешна соработка. И двете компании делат исти вредности и имаат исти погледи спрема важноста на едукацијата во работните процеси, секако од различна гледна точка, но притоа апсолутно комплементарно. Таа комплементарност во секојдневната оператива на Нептун Македонија се одразува со мерливи резултати и со резултати што можат да се следат, кои се истовремено доказ за успешната едукација, но и насока како да се продолжи понатаму. Според мене, она што го прави М6 Едукативниот центар различен на пазарот во регионов е пасионираноста која ја вложуваат во работата, без лажна деловна хипокризија и стереотипи. Во денешниве услови, тоа е една уникатна карактеристика и вистинска вредност за секоја компанија која ќе успее да го препознае тоа. Нептун Македонија е една од нив.


Разговараше: Митко Јовановски

 

ПРЕПОРАЧАНО