Финансии / Банкарство
ДОМАЌИНСТВАТА ВО БЕЛГИЈА СЕ МЕЃУ НАЈБОГАТИТЕ ВО ЕВРОПА
12.01.2025
Граѓаните во Белгија се меѓу најбогатите во Европа и со личното богатство се над просекот на еврозоната, соопшти Националната банка на Белгија. Вкупното нето богатство на домаќинствата во Белгија е проценето на 2.800 милијарди евра на крајот на 2022 година, пренесува „Бизнис Тајмс“.
Просечното богатство по домаќинство во Белгија изнесува 555.000 евра, а тоа е девет пати повеќе од годишниот приход на едно домаќинство.
Во Луксембург нето богатството на едно домаќинство е еквивалентно на 13 годишниот приход на домаќинствата, пренесува „Еуроњуз“.
фото freepic