Финансии / Банкарство

ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ПОТПИШАА ДОГОВОР ЗА ЗАЕДНИЧКИ СИСТЕМ ЗА ИНСТАНТ ПЛАЌАЊЕ

11.01.2025

Во Рим се одржа церемонија за потпишување на Писмо за намери за почнување на проект за воспоставување на систем за инстант плаќање во земјите од Западен Балкан. На потпишувањето присуствуваа гувернерите или претставници од централните банки на Италија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Албанија и Црна Гора, соопштија од Централната банка на БиХ.

Според договорот за соработка се предвидува Банката на Италија да испорача систем за инстант плаќања, заснован на ТИПС услугите, што претставува европска платформа за измирување на плаќањата во реално време. Овој систем го креира и управува Банката на Италија во име на Еуросистемот за плаќање.

Албанија, БиХ, Косово и Црна Гора се придружија на оваа иницијатива, што беше одобрено од Управувачкиот совет на Европската централна банка. Македонија го задржува правото да се приклучи подоцна на оваа иницијатива, пренесува „Екапија“.

Новата платформа, која ќе биде оперативна во рок од 18 месеци, ќе овозможи плаќање во сите валути во земјите учеснички.


 

фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано