Финансии / Банкарство
БИТКОИНОТ СО ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОСТОР ЗА РАСТ ВО 2025 ГОДИНА?
11.01.2025
Минатата година биткоинот имаше раст од 150 отсто, а аналитичарите за годинава предводуваат дека оваа криптовалута има дополнителен простор за зголемување на вредноста. За ова постојат неколку фактори, регулаторниот оптимизам посебно во САД, подобрување на глобалниот амбиент и растечкиот ентузијазам кај инвеститорите. Прогнозите на аналитичарите се дека биткоинот годинава ќе достигне раст на цената меѓу 200 и 250 илјади долари.
Вредноста на биткоинот максималните вредности ги добиваше на четиригодишни циклуси. Во секој од последните два циклуса од 2017 година е забележан раст од 2.300 отсто и 1.700 отсто. Од најниската вредност од 16.000 долари пред две години, биткоинот се искачи за речиси 600 отсто, што укажува на значителниот потенцијал за натамошен раст во наредните две години, пишува „Еуроњуз“.
Поради својот механизам за рударење, биткоинот има максимално ограничување на понудата од 21 милион токени.
Цената на биткоинот нагло се намали од историскиот максимум од над 108.000 долари во средината на декември и сега изнесува околу 94.000 долари. Овој пад се поклопува со повлекување на некои инвеститори од тргувањето на берзите , во исчекување на новата политика на администрацијата на Доналд Трамп во однос на критовалутите.
фото freepic