Финансии / Банкарство
Кустурица: Во 2025 година, според сите анализи во земјата, очекувам стабилен економски раст од 3,5 %
Што очекувате од 2025г.
10.01.2025г
„Во 2025 година, според сите анализи во земјата, очекувам стабилен економски раст од 3,5%, поддржан од зголемени инвестиции и раст на извозот. И покрај моменталните шокови на европскиот пазар, може да зборуваме со умерен оптимизам и очекувања за постепено економско закрепнување на Европската унија и зголемената побарувачка од нашите трговски партнери. Инфлацијата треба да се стабилизира на 2,5%, а невработеноста да се намали до 11.2%. Очекувам значителен пораст на бруто инвестициите како и раст на нето платите. Од аспект на банкарскиот сектор, каматните стапки ќе имаат блага корекција, што ќе ја зголеми економската активност и ќе го поттикне растот на домаќинствата и приватниот сектор, што ќе ги динамизира економските текови.
Следната година нашата Групација Штаермеркише Шпаркасе прославува 200 години постоење, а тоа е уште една потврда за нашата сила и стабилност и подготвеност да продолжиме со силен кредитен раст и уште посилна поддршка и просперитет на нашите клиенти и економијата во целина. Имаме силна позиција за финансирање на развојот на приватните бизниси, од мултинацинални компании, прекугранични аранжмани, проектни финансирања во зелени инвестиции кои се клучен столб, се до средни и микро претпријатија“.