Финансии / Банкарство

Суџубаши: Халкбанк ќе продолжи да биде позитивен двигател на македонскиот банкарски сектор

Што очекувате од 2025г.

Економија и бизнис | печатено издание | 15 декември 2024г.

„Геополитичките случувања и во 2025 година ќе имаат сериозно влијание врз бизнисот во Европа. Овој пат се очекува стабилизација и постепено намалување на каматните стапки, но неизвесноста останува значајна.
Халкбанк со својата стабилност, со иновативноста и со посветеноста на клиентите и во 2025 година ќе продолжи да игра клучна улога во развојот на банкарскиот сектор и на економијата на земјава. Растот на профитот во октомври 2024 година споредено со истиот период од минатата година изнесува 127 %, остварувањата на депозитната база од над 1,2 милијарди евра во 2024 година, како и значителниот раст на кредитирањето во текот на 2024 година, укажуваат на довербата на клиентите во стабилноста и во сигурноста на банката дури и во услови на економски предизвици.
И во годината што е пред нас ќе бидеме позитивен двигател на македонскиот банкарски сектор, правејќи силен придонес за финансиската стабилност и за економскиот раст на земјава. Како банка ќе бидеме посветени на задоволување на потребите на граѓаните и на бизнисите преку широк спектар на услуги. Нашата актива од 1,7 милијарди евра ни овозможува активно да продолжиме со поддршката на микро, на малите и на средните претпријатија, на одржливоста и на зелената транзиција преку специјализирани кредитни линии. И, секако, ќе се трудиме да сме вистински лидер во дигиталната трансформација на пазарот, но и во имплементирање на големи, позитивни промени за општеството и за животната средина во кои припаѓаме“.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано