Финансии / Банкарство

СЛОВЕНИЈА СЕ ЗАДОЛЖИ ЗА МИЛИЈАРДА ЕВРА СО ОБРЗАНИЦА НА 30 ГОДИНИ

08.01.2025

Словенија на меѓународниот пазар на капитал издаде 30 годишна обврзница во износ од милијарда евра со камата од 3,5 отсто. Станува збор за прва емисија на обврзница на 30 години, која е издадеба по 2020 година.

Ова е првата земја која годинава издаде обврзница со ваков рок на доспевање, со што ја искористи силната побарувачка на инвеститорите за долгорочните финансиски инструменти, објавија од Министерството за финансии на Словенија.

Според податоците на министерството, вкупната побарувачка за оваа обврзница надмина 3,2 милијарди евра.  Во структурата на инвеститорите влегуваат: инвестициски фондови (со 55 отсто), осигурителните друштва и пензиски фондови (18 отсто), институциите и централнни банки (17 отсто), а банките со десет отсто.

Според географскиот распоред, 39 отсто од инвеститорите се од Велика Британија, 25 отсто од Германија, Австрија и Швајцарија, два отсто од Словенија и од други региони и земји.

Во 2025 година Словенија може да се задолжи најмногу 4,58 милијарди евра, пренесува „Сеебиз“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано