Финансии / Банкарство

НАТАМОШНО ЗАТВОРАЊЕ НА БАНКАРСКИТЕ ЕКСПОЗИТУРИ ВО ГЕРМАНИЈА

06.01.2025

Многу класични банкарски трансакции, како што се трансфер на пари се одвиваат онлајн, а готови пари се подигаат во супермаркети и на безниските пумпи, така што во Германија се очекува натамошно затворање на експозитурите на банките.

Претседателот на Сојузното здружение на банки (БдБ) Кристијан Шивинг вели дека однесувањето на купувачите се смени и очекува натамошен пад на бројот на експозитурите.

Граѓаните ги посетуваат филијалите доколку им е потребен личен совет, а во иднина ќе останат овој тип на филијали во Германија.

Банките во Германија влијаеле на однесувањето на клиентите со политиката на надоместоци.

- Отпорноста на слабоста на економскиот раст во Германија може да се надмине со сеопфатни структурни реформи кои ќе помогнат во подобрување на условите за вложување, изјави претседателот на банкарското здружение.

Во 2025 година тој очекува економски раст од 0,5 отсто, пренесе Б92.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано