Финансии / Банкарство

ГЕРМАНСКАТА МАРКА МОЖЕ ДА СЕ РАЗМЕНУВА 20 ГОДИНИ ПО ВОВЕДУВАЊЕТО НА ЕВРОТО

По 20 години од воведувањето на еврото на  1 јануари 2002 година, минатата година во Централната банка на Германија биле заменети околу 53 милиони германски марки.

- Луѓето најчесто носат банкноти од 100 марки, но и монети со вредност од еден фенинг, изјави Буркхарт Балз, претседател на управата на германската централна банка.

Минатата година биле заменети околу пет милиони марки помалку во споредба со 2023 година. По воведувањето на еврото како платежно средство во Германија, не се вратени околу 12 милијарди марки, во противвердност од околу шест милијарди евра.

Германската централна банка информира дека голем дел од банкнотите и монетите во германски марки се наоѓаат во странство, бидејќи оваа валута  беше главно средство за штедење и за плаќање во многу земји, посебно во југоистоична Европа.  

Во Германија, Австрија, Ирска, Литванија  и Естонија  нема временско ограничување за размена на поранешната германска валута. Германските марки можат да се вратат  лично или преку пошта во сите подружници на германската централна банка, пренесува „Индекс.хр.“.


фото freepic 

 

 

ПРЕПОРАЧАНО