Општество

Григорјан: Наредната година ќе бидат важни довербата, солидарноста и повторно обмислување на системите со цел поправедно опкружување за сите

Што очекувате од 2025г.

„Гледајќи кон 2025 година, инспирирани од Самитот на иднината на ОН, повикуваме на иновативни идеи заради справување со денешните предизвици и подготовка за иднината. Наредната година ќе бидат важни довербата, солидарноста и повторно обмислување на системите со цел поправедно опкружување за сите.
Во УНДП, нашиот дел од овој план е да ги претвориме овие идеи во практични решенија кои ќе направат вистинска разлика во животите на луѓето.
Во 2025 година, УНДП Северна Македонија одбележува 30 години во земјава и, додека го славиме напредокот, ги удвојуваме напорите за изградба на инклузивно и на просперитетно општество. Две илјади дваесет и петта година е можност земјава да се позиционира како модел за одржлив развој преку остварување на целите за одржлив развој кои се во линија со аспирациите и со одредбите за членство во ЕУ. Во партнерство со: Владата, академијата, граѓанското општество, приватниот сектор и заедниците, ќе дадеме приоритет на: доброто владеење, заштитата на природата, зелената економија, обновливите извори на енергија, дигиталната трансформација и зајакнувањето на младите, на жените и на маргинализираните групи.
ОН идната година одбележуваат 80 години од постоењето и тука сакам да потсетам на повикот на генералниот секретар, Антонио Гутереш, за глобално единство за мир, за безбедност и за заштита на идните поколенија, повик што мора сите да го поддржиме заради сегашните и идните генерации“.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано