Финансии / Банкарство

Кадиевска Војновиќ: Злоупотребите на јавните финансии треба да бидат силно казнети

Што очекувате од 2025г.

Економија и бизнис | печатено издание | 15 декември 2024г.

„Во услови на негативни тенденции во европската економија, а особено во Германија како наш најзначаен трговски партнер, моделот на економски раст на новата влада − поттикот на домашните инвестиции − ќе има позитивен ефект врз растот во 2025 година, но и врз долгорочниот потенцијал и конкурентноста на македонската економија. Средства за инфраструктурните објекти за опшините, за инвестиции на домашните фирми по поволни услови и високиот износ на капитални расходи во централниот буџет, се силна основа за инвестицискиот бран. На терен веќе гледаме интензивна изградба и посветеност за завршување на децениските запоставени инфраструктурни проекти, а во тек е финализирање на долгорочни стратегии во повеќе сектори (енергетика, дигитализација итн.).
Но, главниот предизвик на новата влада е справувањето со нарушениот фискален простор од претходната влада. За тоа дека јавните финасии во периодот постковид значајно се уништија и се злоупотребија многу пишував и предупредував. Затоа силно ги поздравувам засилените активности на новата влада за воведување на е-фактура, за поголема контрола на повратот на ДДВ, за контрола во царината, во Фондот за здравствено осигурување и кај социјалната помош. И најбитно, сето ова ќе нема ефект ако од 2025 година не профункционира судскиот систем. Злоупотребите на јавните финансии треба да бидат силно казнети и да претставуваат порака дека никогаш не треба се повторат“.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано