Финансии / Банкарство
СТРАНЕЦ Е НАЈГОЛЕМ ШТЕДАЧ ВО ЦРНОГОРСКИТЕ БАНКИ
05.01.2025
Депозитите на физичките лица, односно парите што граѓаните ги чуваат во банките во Црна Гора за една година се зголемени за 257 милиони евра или 9,7 отсто, објави Централната банка на Црна Гора.
На крајот на ноември минатата година граѓаните чувале речиси три милијарди евра во банките.
- Според последните расположливи податоци заклучно со 30.11.2024 година, кои банките ги доставија до Централната банка на Црна Гора, вкупните депозити на физичките лица изнесуваат 2,9 милијарди евра или 50,48% од вкупните депозити во системот. Во компаративниот период од 2023 година, тие изнесуваа 2,6 милијарди евра, а депозитите на физичките лица остварија раст од 256,7 милиони евра или 9,7%, информираат од ЦБЦГ.
Според месечните податоци, најголемиот депозит од физичко лице изнесува 26,5 милиони евра. Оваа сума пари во банките во Црна Гора ја чува нерезидент, односно странец, пренесува РТЦГ.
фото freepic