Општество

Агелер: Нашите очекувања за Северна Македонија остануваат високи

Што очекувате од 2025г.

„Погледнато кон 2025 година, нашите очекувања за Северна Македонија остануваат високи. Очекуваме да видиме дополнителен напредок во поглед на реформите на Владата, зголемен економски раст и поблиска соработка со НАТО. Реформите во однос на владеењето на правото, кои се од суштинска важност за целосна евроатлантска интеграција, ќе водат кон зголемена доверба на граѓаните во демократските институции, во понезависно судство и во поголема отчетност. Зголемениот економски развој ќе помогне да се запре заминувањето на младите од земјава и да се отклучи целосниот потенцијал на земјава за инвестиции и за иновации при што потесната соработка со НАТО ќе ги засили безбедноста и стабилноста на Северна Македонија.
САД остануваат посветен партнер за овие заложби. Ги споделуваме алатките и вештините за борба против корупцијата и за поддршка на интегритетот, вклучително и целните санкции. Исто така работиме на зацврстување на трговските врски во различни сектори од што корист ќе имаат двете земји. Во годината што доаѓа ќе продолжиме да работиме со Северна Македонија во поддршка на модернизација на нејзината одбрана и во остварување на НАТО-целите за оспособеност.
Во текот на нареднава година се надевам да видам дека Северна Македонија ќе продолжи да гради иднина во која и бизнисите и граѓаните ќе имаат корист од систем кој се темели на интегритет и на можности, кој е двигател на економскиот раст и на регионалното лидерство“.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано