Општество
ВО ПОРАСТ НАСИЛНИТЕ КРАЖБИ ВО ПРОДАВНИЦИТЕ ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА
02.01.2025
Кражбите во објектите на британските претпријатија се зголемени за 52 отсто до јуни 2024 година. Во 2023 година имало 7.884 регистрирани кражби, додека во наведениот период бројот на кражби достигнал 12.000, покажуваат податоците на Канцеларијата за национална статистика.
Дневниот број на кражби во претпријатијата во просек изнесува 33 и е највисок досега. Кражбите во продавниците ширум Велика Британија се зголемиле за 30 отсто за период од една година и е највисок раст во последните две децении, пишува „Дејли мејл“.
Според податоците на синдикатот на работниците во продавници, секој петти вработен во малопродажбата бил жртва на насилен напад минатата година. Секој 10 грабеж се завршува со напад над вработеното лице, а половината од спроведените полициски истраги завршуваат без пронаоѓање на крадецот, пренесува „Политика“.
фото freepic