Финансии / Банкарство
ТУРЦИЈА ЈА НАМАЛИ РЕФЕРЕНТНАТА КАМАТНА СТАПКА
26.12.2024
Централната банка на Турција денеска ја намали референтната каматна стапка на 47,5 отсто. Претходните девет месеци главната каматна стапка изнесуваше 50 отсто.
Централната банка делумно ја задржа рестриктивната монетарна политика и не се обврза дека ќе продолжи со намалувањето на каматната стапка на следните состаноци.
- Одборот своите одлуки ќе ги носи внимателно од состанок до состанок врз основа на изгледите за инфлацијата, соопшти ТЦМБ.
Годишната стапка на инфлација во Турција во ноември се намали од октомвриските 48,58 отсто на 47,09 отсто, објави Турскиот институт за статистика (Туркстат). Инфлацијата во Турција сега е на најниско ниво од јуни 2023 година, објави „Политика“.
фото freepic