Општество

Бесплатен автобуски превоз за студенти во 2025 година

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека разговарале со министерката за образование Весна Јаневска и најави можност за реалоцирање средства со цел да се обезбеди бесплатен автобуски превоз за студенти за Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП)-Скопје. Мицкоски оваа најава ја соопшти од Црешово во Општина Гази Баба, каде беше на свечено пуштање на употреба на спортска сала.

- Овие средства во разговор со министерката ги предвидовме за следната година. Претходната Влада не ги предвидела овие средства нити потпишала договор, мислам дека се тоа 120 милиони денари за следната година. Тоа е далеку од она што е потребно на ЈСП, но ние излеговме во пресрет кога требаше да се интервенира за да се обезбеди нафта за да можат автобусите да се сообраќаат соодветно и да превезуваат патници, истакна Мицкоски. Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје вчера испрати апел до Владата и Министерството за образование и наука, на владина седница да овозможат релоцирање на средства со цел продолжување на бесплатниот превоз за студентите во 2025 година.


Извор МИА

 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано