Општество
Во Собранието ќе биде доделена државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“
21.12.2024
Во Кристалната сала во Собранието денеска ќе биде врачена државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2024 година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Северна Македонија.
Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ државната награда за остварување во областа на публицистиката ќе им ја додели на Иван Антоновски и Делвина Крлуку, а за остварување во областа на новинарството на Атанас Костовски и Љупчо Јолевски.
Извор/фото МИА