Финансии / Банкарство

СЛОВЕНИЈА СО НАЈГОЛЕМО УЧЕСТВО НА СОПСТВЕНИЦИ НА КРИПТОВАЛУТИ ВО ЕВРОЗОНАТА

20.12.2024

Бројот на граѓани во еврозоната кои поседуваат криптовалути се зголеми за двапати во последните две години, покажуваат најновите истражувања на Европската централна банка. Словенија се наоѓа на прво место со 15 отсто според учеството на сопствениците на имот во крипто валути.

На ниво на еврозоната околу девет отсто од испитаниците во истражувањето поседувале крипто валути, додека пред две години тој процент беше околу четири отсто. Од 20 земји во еврозоната, 13 земји имале околу 10 отсто од испитаниците биле  сопственици на криптовалути.

Грција е на второ место со 14 отсто, додека најмало учество на сопственици на криптовалути имале Германија и Холандија со по шест отсто.

Мнозинството на сопственици на криптовалути биле на возраст од 25 и 39 години. Повеќето сопственици криптовалутите ги користеле како можност за вложување, а мал процент ги користеле за плаќање.

Во Словенија 61 отсто од испитаниците одговориле дека користеле криптовалути како облик на вложување, а 15 отсто ги користи за плаќање  и 18 отсто за други намени, пренесе „Свијет.хр“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО