Финансии / Банкарство
ГРЦИЈА ГИ ОГРАНИЧУВА БАНКАРСКИТЕ НАДОМЕСТОЦИ НА НЕКОИ ТРАНСАКЦИИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА
16.12.2024
Грција ќе ги укине банкарските надоместоците за некои малопродажни трансакции како дел од напорите за помош на домаќинствата полесно да се соочат растечките трошоци на живот, соопшти грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
Неговата влада планира од 2026 година да го зголеми данокот на имот за двапати за околу 25.000 недвижности, кои банките ги водат во своите книги, а кои не се користат, бидејќи се обидува да ја поттикне понудата на станови и да ги намали кириите, пренесува „Сеебиз“.
Грчката влада ја одреди и горната граница од 50 центи за паричните трансфери до пет илјади евра. Планирано е и укинување на надоместоците за трансакциите со државните и комуналните претпријатија. Овие мерки се реални и се во согласност со фискалната стабилност, изјави грчкиот премиер.
Приходите на заемодавачите од надоместоците на малопродажните трансакции изнесуваат околу 200 милиони евра годишно.
Во Грција четири големи банки ги намалија осносот на ненаплативи кредити под шест отсто, во споредба со 45 отсто во 2017 година. Овие банки минатата година оствариле добивка од 3,8 милијарди евра и годинава ќе исплатат дивиденти за прв пат по 16 години, пренесува „Инвеститор.ме“.
фото freepic