Финансии / Банкарство

ТУРЦИЈА ЗАБРАНУВА КОРИСТЕЊЕ КАРТИЧКИ ЧИИ ЛОЗИНКИ СЕ ДАТУМИ ОД ФОРМИРАЊЕ НА ФУДБАЛСКИ КЛУБОВИ!

16.12.2024

Во Турција ќе бидат укинати дебитните и кредитните картички кои за лозинки се користат датуми на основањето на фудбалски клубови, а новите прописи се воведуваат за да се спречат измамите со картичките, соопшти турската Агенција за регулатива и надзор на банките (БДДК).

Според новите прописи, датумите за основање на фудбалските клубови нема да можат да се користат како лозинки, а тоа директно ќе влијае на милиони клиенти на банките.

Претходно во Турција беше оневозможено да се користат датумите на раѓање како лозинки за банкарските картички, пренесува „Еуроњуз“.  


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО