Финансии / Банкарство

НЕДЕЛЕН РАСТ НА ДОЛАРОТ ВО ОДНОС НА ЕВРОТО

15.12.2024

Вредноста на доларот кон кошничките валути се зголемува втора недела по ред, а еврото ослабна по минатонеделната одлука на Европската централна банка  за намалување на клучната каматна стапка. Индексот што ја одразува вредноста на американската валута  кон шесте најважни светски валути минатата недела зајакна за 0,9 отсто и достигна вредност од 106,94 поени.

Курсот на еврото кон доларот се намали за 0,6 отсто и се разменуваше за 1,0505 долари.  Американската валута зајакна и во однос на јапонскиот јен за 2,4 отсто. Доларот се разменуваше за 153,65 јени, пренесе „Индекс.хр“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО