Финансии / Банкарство

РАСТ НА ИНФЛАЦИЈАТА ВО САД

11.12.2024

Инфлацијата во САД благо забрза и во ноември, но со посилен раст на цените на храната и забележително поблаг пад на цените на бензините, се наведува  во денешниот извештај на Министерството за труд.

Потрошувачките цени во ноември се повисоки за 2,7 отсто во однос на истиот месец лани. Во октомври цените пораснаа за 2,6 отсто, што сигнализира мало забрзување на инфлацијата, првпат од март.

Цените на храната се зголемија за 1,6 отсто во ноември, што е значително посилно отколку во октомври.

Струјата за домаќинствата поскапе за 3,1 отсто, значително пониска од претходниот месец. Гасот поскапе за 1,8 отсто по два отсто поскапување во октомври. Бензинот  поевтини за 8,1 отсто, пренесува „Индекс.хр“


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО