Финансии / Банкарство

КОИ ЗЕМЈИ НАЈМНОГУ УПЛАЌААТ ВО ЗАЕДНИЧКАТА ЕУ-КАСА, А КОИ НАЈМНОГУ КОРИСТАТ?

10.12.2024

Во 2023 година „големата четворка“ на Европската Унија имала најголем придонес во буџетот на ЕУ. Девет земји придонеле помалку од една милијарда евра во буџетот на ЕУ во 2023 година, а најмал придонес имале Малта (112 милиони евра), Кипар (259 милиони евра) и Естонија (355 милиони евра), објави „Еуроњуз Бизнис“.

Според податоците на Европската комисија, Германија учествува со 33,8 милијарди евра, Франција со 25,8 милијарди евра, Италија (18,8 милијарди евра) и Шпанија (13,6 милијарди евра).

Меѓу корисниците, во првите пет беа и Полска, заедно со „големата четворка“ на ЕУ. Франција доби 16,5 милијарди евра, Полска (14,1 милијарди евра), Германија (14 милијарди евра), Италија (12,8 милијарди евра) и Шпанија (12,1 милијарди евра).

Три земји добија помалку од една милијарда евра од буџетот на ЕУ: Малта (277 милиони евра), Кипар (393 милиони евра) и Словенија (952 милиони евра).

Десет земји од ЕУ беа нето-придонесувачи, додека 17 беа нето-корисници. Земјите кои придонеле повеќе во буџетот на ЕУ отколку што добиле вклучуваат:

Германија (19,8 милијарди евра)

Франција (9,3 милијарди евра)

Холандија (6,3 милијарди евра)

Италија (6 милијарди евра)

Шведска (1,6 милијарди евра)

Шпанија (12,1 милијарди евра)

Австрија (1,3 милијарди евра)

Ирска (1,3 милијарди евра)

Данска (1,2 милијарди евра)

Финска (0,8 милијарди евра)

Полска беше најголемиот нето-корисник со 7,1 милијарди евра, а потоа следат Романија (5,9 милијарди евра), Белгија (4,8 милијарди евра), Унгарија (4,4 милијарди евра) и Грција (3,9 милијарди евра), пренесува „Инвеститор.ме“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО