Финансии / Банкарство

ТРОШОЦИТЕ ЗА КАМАТИ ЗА ДОЛГОВИТЕ НА ЗЕМЈИТЕ ВО РАЗВОЈ ПОРАСНАЛЕ ЗА ТРЕТИНА

03.12.2024

Земјите во развој потрошиле 1.400 милијарди долари за отплата на својот надворешен долг во 2023 година, додека трошоците за камати пораснале на максимално ниво во последните 20 години, соопштија од Светската банка.

- Плаќањето на каматите прораснале за речиси една третина на 406 милијарди долари, намалувајќи им ги буџетите на многу земји кои се наменети за критичните области како здравството, образованието и животната средина, соопштија од СБ.

Минатата година задолжувањето во странство стана значително поскапо за сите економии на земјите во развој, а каматите на кредитите од официјалните кредитори се зголемија за двапати и изнесуваат над 4 отсто.

Финансискиот притисок бил најизразен за најсиромашните и најзагрозените земји, кои имаа право да позајмуваат од Меѓународното здружение за развој во Светската банка (ИДА).

- Овие земји платиле рекордни 96,2 милијарди долари за сервисирање на својот долг во 2023 година, се наведува во соопштението на СБ, пренесува „Бизнис.рс“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано