Финансии / Банкарство

ФРАНЦИЈА СЕ ПРИБЛИЖИ СО ГРЦИЈА ПО ВИСИНАТА НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ДРЖАВНИОТ ДОЛГ

29.11.2024

Франција според висината на трошоците на задолжување  за прв пат се изедначи со Грција. За време на должничката криза во еврозоната во 2012 година трошоците на задолжување на Грција, мерени преку приносите на десетгодишните државни  обврзници, биле за 37 бодови повисоки од приносот на француската обврзници со истиот рок на доспевање, објави „Ројтерс“.

Во 2024 година трошоците на долгорочниот грчки долг се движи околу три отсто и повисок е само за 0,02 процентни бодови  од приносот на францускиот долг.

Грција и натаму е членка на еврозоната со највисок јавен долг, прикажан со учеството во БДП со 163,6 отсто. Франција е на трето место со јавниот долг од 112,2 отсто од БДП, пренесе „Политика“.  


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано