Општество
Герасимовски ги награди најдобрите со престижниот „Феникс“ - признание за трудот на Центарци
29.11.2024г
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ја додели највисоката општинска награда „Феникс“ за исклучителни постигнувања во стопанството, уметноста, образованието, спортот и други значајни области.
„Наградата е признание за трудот, талентот и ангажманот на нашите Центарци кои активно ја промовираат и претставуваат нашата општина на домашна и меѓународна сцена“, истакна Герасимовски, честитајќи им на наградените.
Во категоријата поединци и групи – творци, добитници на наградата се:
- Љупчо Трајковски Фис – композитор, познат по „Дебармаалска елегија“.
- Михаил Арсовски – иноватор и едукатор, награден за постигнувања во природните науки.
Во категоријата наградени ученици и студенти:
- Кристијана Пецалевска – ученичка во V одделение при ООУ „Кочо Рацин“, наградена за натпревари по математика и ликовна уметност.
- Ива Амелија Микулчиќ – ученичка во IV одделение при ООУ „Гоце Делчев“, наградена за постигнувања во пијано.
- Су Али – ученичка во ООУ „Коле Неделковски“, за успеси во модерен танц.
- Дамјан Давидовски – ученик во IX одделение при ООУ „Кочо Рацин“, водечки македонски скијач во категорија јуниори.
- Мила Митровска – ученичка во ООУ „Димитар Миладинов“, за постигнувања во природните науки.
- Паноника Хаџи-Стефанова – ученичка во ООУ „Св. Кирил и Методиј“, за значајни резултати на регионални натпревари.
Наградените добија дипломи и паричен износ од 20.000 денари.
Градоначалникот Герасимовски и Општина Центар ќе продолжат посветено да ги мотивираат жителите на Центар кон нови успеси, поттикнувајќи ги да бидат амбасадори на креативноста, знаењето и иновативноста.