Финансии / Банкарство

НАЈВИСОК МЕЃУГОДИШЕН РАСТ НА КРЕДИТИТЕ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА ВО ЕВРОЗОНАТА

28.11.2024

Во октомври во еврозоната е забележан забрзан годишен раст на банкарските кредити за домаќинствата, покажува денеска објавениот извештај на Европската централна банка.

Банкарските заеми за домаќинствата во еврозоната минатиот месец се зголемени за 0,8 отсто на меѓугодишно ниво и 0,7 отсто во однос на септември.

Ова е најголем меѓугодишен раст на кредитите за домаќинствата во еврозоната од септември 2023 година.

Вкупната вредност на кредитите за компаниите во еврозоната во октомври се зголемија за 1,2 отсто меѓугодишно и за 1,1 отсто во однос на септември.

Вкупната вредност на кредитите за приватниот сектор се зголеми за 1,6 отсто.

Вредноста на монетарниот агрегат М3 односно на вкупните ликвидни средства во еврозоната во октомври се зголеми за 3,4 отсто меѓугодишно. Монетарниот агрегат М1 кој го опфаќа парите во оптек за 0,2 отсто во однос на истиот месец минатата година, пренесува „Еуроњуз“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано