Финансии / Банкарство

ФЕД СМЕТА ДЕКА ПОСТОЈАТ УСЛОВИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТИТЕ

27.11.2024

Официјалните претставници на Федералните резерви (ФЕД) искажале очекувања за натамошно намалување на каматните стапки, по намалувањето на инфлацијата и знаците за зајакнување на пазарот на работа во САД.

Според објавените информации од записникот од ноемврискиот состанок на Федералниот комитет за отворен пазар (ФОМЦ), мнозинството на експерти од американската централна банка се согласува дека инфлацијата е над проектираното ниво од два отсто, пренесува СЕБС.

Од ФЕД не прецизираат кога би можело да се намалата каматите и за колку.

ФОМЦ на почетокот на ноември едногласно ја намали референтната каматна стапка за четвртина процентен поен во распон од 4,5 до 4,75 отсто, пренесува „Политика“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано