Финансии / Банкарство

НА АУКЦИЈА Е ПРОДАДЕН ЗЛАТНИК ТЕЖОК 10 КИЛОГРАМИ

23.11.2024

Уникатен златник кој е изработен од канадската Кралевска ковачница за пари е продаден на аукција за рекордна сума од над 1,5 милиони долари,  пренесоа медиумите во Канада.

Златникот е тежок 10 килограми, а направен е по дизајнот на уметникот Џејмс Харт, кој е припадник на староседелците од народот Хеиди, кои ги населувале островите од  западниот брег  на Канада. Пренесува јавниот сервис ЦТВ њуз.  

На златникот се прикажани ликови и мотиви од традиционалната уметност и  е продаден на анонимен купувач.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО