Финансии / Банкарство
ЕВРОТО ПАДНА НА ДВОГОДИШЕН МИНИМУМ ВО ОДНОС НА ДОЛАРОТ
22.11.2024
Вредноста на еврото денеска го достигна двогодишниот минимум во однос на доларот откако најновите податоци покажале дека деловната активност во еврозоната во ноември се намалила.
Според податоците на берзата, европската валута во еден момент од тргувањето се продаваше за 1.0399 долари, што е најмала вредност од декември 2022 година, пренесува CNBC.
Агенцијата S&P глобал објави дека композитниот индекс на менаџерите на набавки PMI во еврозоната во ноември се намали на 48,1 поен, од октомвриските 50 поени.
ПМИ индексот е показател кој се користи како индикатор за економската активност, а резултатот под 50 поени покажува дека економијата се наоѓа во состојба на контракција односно пад на економската активност, пренесува РТВ.
фото freepic