Финансии / Банкарство

МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА ВО ПРВИТЕ ПЕТ ЗЕМЈИ СО НАЈВИСОКА ИНФЛАЦИЈА ВО ЕВРОПА

21.11.2024

Хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP), кој го објавува Евростат заради споредба на инфлацијата во европските земји, покажува дека меѓугодишната инфлација во Србија во октомври била меѓу пет најголеми во Европа, пренесува „Данас“.  

На меѓугодишно ниво , во октомври најбрз раст на цените имале Турција и Романија. На врвот на листата со највисок раст на цените е Турција, а нејзиниот HICP  индекс во октомври изнесувал 48,7 отсто. Втора е Романија со октомвриска инфлација од пет отсто.

Третото место според растот на цените подеднакво го делат Србија и Македонија, со вредност на HICP  во октомври за двете земји по 4,6 отсто.

Меѓугодишната инфлација, мерена според индексот на потрошувачките цени (CPI) во Србија, е исто така зголемена во октомври. Во септември изнесуваше 4,2 отсто, додека во октомври се зголеми на 4,5 отсто.

Растот на цените во октомври е последица од сушата во земјоделското производство, објасни гувернерката на Народната банка на Србија Јоргованка Табаковиќ, при објавување на извештајот за инфлацијата во земјата, пренесува „Данас“.

ПРЕПОРАЧАНО