Општество

Да создадеме образовни програми што ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери, изјави Мицкоски по повод Светскиот ден на детето

По повод Светски ден на детето, во организација на УНИЦЕФ и Владата на Република Северна Македонија денеска во свечена сала се одржа владина седница под слоганот „Слушнете ја иднината”, каде што децата заедно со премиерот и министрите разговарале за следните теми: климатска и еколошка криза, напредни технологии и демографски промени.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека денеска ги имал најважните соговорници од неговото неколкумесечно претседателствување со Владата, тоа се децата.

- Овој ден е посветен на подигнување на свеста за правата на децата низ светот и на промоција на благосостојбата на најмладите. Светскиот ден на детето е и потсетник дека треба да работиме заедно за да создадеме свет во кој сите деца ќе имаат еднакви можности и ќе растат во средина која го поттикнува нивниот развој и благосостојба. Овој ден има длабоки корени во историјата на човековите права. На овој датум во 1959 година, Обединетите Нации ја усвоија Декларацијата за правата на детето, а во 1989 година беше усвоена Конвенцијата за правата на детето – најшироко ратификуван договор за човекови права во историјата. Овие документи не се само правни рамки, туку и морален водич за тоа како треба да се однесуваме кон нашите најмлади и најранливи членови на општеството. Денес сме тука за да ја потврдиме нашата заедничка обврска, секое дете има право на грижа, образование, здравствена заштита и заштита од секоја форма на насилство и злоупотреба, рече тој.

Нашата цел е да создадеме образовни програми што ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери на утрешнината, нагласи премиерот Мицкоски.

Претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер изјави дека  било интересно да се сослушаат децата кои искажувале интересни предлози и ставови и мислења за сето она што им е важно во сегашноста, но исто така ќе влијаат и во нивната иднина. 

Милер потенцира дека ќе се потрудат да им помогнат на децата да ги остварат нивните визии и нивните ставови за иднианта.


 

Извор МИА 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано