Финансии / Банкарство

ГЕРМАНЦИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ГО КОРИСТАТ ПРИНЦИПОТ „КУПИ СЕГА, ПЛАТИ ПОСЛЕ“

12.11.2024

Германците се повеќе во онлајн тргувањето го користат кредитирањето според принципот „купи сега, плати после“. Минатата година секоја втора финансиска позајмица била одобрена на износ до 1.000 евра. Лани имало 14 отсто повеќе од овој вид на трансакции кои достигнале 4,35 милиони, покажуваат податоците на кредитното биро SCHUFA.

- Можноста за кредитирањето ги стимулира потрошувачите на купување, кое е проследено без плаќање камата, изјави Оле Шредер од управниот одбор на SCHUFA.

Порано овие „мали кредити“ ги користеле претежно младите потрошувачи, но со ширењето на онлајн продажбата, тие се прошириле и на повозрасните граѓани.

Во Германија преовладуваше перцепцијата за „воздржана кредитна потрошувачка“, која влече корени од периодот по војната кога беше раширена сиромаштијата во земјата, пренесува „Инвеститор.ме“.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано