Финансии / Банкарство

БАНКАРСКАТА ИЗЛОЖЕНОСТ КОН ГРАЃАНИТЕ И КОМПАНИИТЕ ВО ПОПЛАВЕНАТА ВАЛЕНСИЈА Е НАД 20 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

05.11.2024

Банкарските кредитори во Шпанија имаат изложеност преку издадени кредити, хипотеки на граѓаните и локалните компании од околу 20 милијарди евра во областа во Валенсија, која беше погодена од катастрофалните поплави, објави централната банка на земјата.

- Изложеноста на банките е релативно висока, но можеме да го апсорбираме овој шок, изјави Анхел Естрада, генералниот директор на банката на Шпанија.

Обемот на финансиската штета не е познат, а од Банката на Шпанија соопштија дека банките имаат одобрено позајмици во износ од 13 милијарди евра, за околу 150.000 приватни лица, а 7,2 милијради евра се кредити за околу 23.000 компании.

Шпанскиот премиер Педро Санчез најави одобрување на прв финансиски пакет за помош на населението и компаниите во областите кои се погодени од поплавите во Валенсија. Според негови процени вкупните трошоци можат да пораснат на 10,6 милијарди евра.

Банките во Шпанија најавија донации за помош за граѓаните кои имаат последици од поплавите, вклучувајќи и укинување на надоместоците за користење банкомати. Владата најави и итен пакет на мерки како што се даночни олеснувања и заштита на работа, пренесува „Бизнис.рс“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО