Финансии / Банкарство
БРИТАНСКАТА ВЛАДА ПЛАНИРА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДАНОЦИТЕ ЗА 40 МИЛИЈАРДИ ФУНТИ
01.11.2024
Британската економија годинва и во 2025 година ќе расте побрзо од предвидувањата. Бруто домашниот производ на земјата годинава ќе порасне за 1,1 отсто, а следната година за два отсто, изјави министерката за финансии Рејчел Ривс на претставувањето на буџетот и најави дополнително оданочување во износ од 40 милијарди фунти.
Новата влада во Велика Британија најави историско зголемување на даноците, со што би се финансирале трошоците во здравствениот систем и јавните услуги.
Новите даноци нема да ги оптоварат „работните луѓе“, а најголемиот дел од обврските ќе бидат насочени кон работодавачите и богатата класа. Владата планира да ги зголеми даноците за работодавачите за осигурување на работниците, од што годишно ќе се соберат 25 милијарди фунти.
Министерката најави зголемување на данокот на капитална добивка од 20 на 24 отсто, замрзнување на субвенциите за гориво и воведување на данок на додадена вредност на школарината во приватните училишта.
Во април следната година се очекува и зголемување на минималната плата во земјата, а владата се обврза и за намалување данокот на точен алкохол, што ќе ги погоди пабовите, пренесува „Свијет.хр“.
фото freepic