Финансии / Банкарство
Банката на Америка нема да прима „некои“ банкноти од 1 долар
01.11.2024
Банката на Америка, една од најголемите финансиски институции во САД, објави дека нема да прима оштетени банкноти од 1 долар од октомври 2024 година. Оваа одлука не значи целосна забрана за замена на сите банкноти од еден долар, туку само оние кои имаат поголема „истрошеност“ или се искинати, со исечени делови и со излитeна боја.
Одлуката на оваа банка произлегува од зголемената загриженост поради раширеноста на фалсификувани пари. Се очекува потегот на Банката на Америка, да го следат и други поголеми финансиски институции во САД. Некои од граѓаните сметаат дека оваа одлука би можела да се прошири и за банкнотите со други апоени, пренесува „Блиц“.
фото freepic