Финансии / Банкарство
ШВАЈЦАРИЈА СЕ СООЧУВА СО ОПАСНОСТА ОД ДЕФЛАЦИЈА ПОРАДИ СИЛНИОТ ФРАНК
31.10.2024
Швајцарија наредната година може да биде во опасност да влезе во зоната на дефлација, бидејќи силниот швајцарски франк ги оневозможува напорите на монерните власти да се справат со растот на цените.
Швајцарската национална банка ги намали каматните стапки трет пат годинава, истакнувајќи ја силината на националната валута како клучен фактор за намалување на стапката на инфлација во земјата, придружено со ниските цени на нафтата и електричната енергија.
Централната банка ги намали своите прогнози за просечната годишна стапка на инфлацијата за 2024 година на 1,2 отсто, додека се предвидува раст на цените за 0,6 отсто во 2025 година, наспроти претходните предвидувања за раст од 1,1 отсто.
Швајцарскиот франк во последните месеци ја зајакна својата вредност и сега е на највисоко ниво. Едно евро се разменува за 0,9414, CHF и американскиот долар за 0,8669 CHF.
Претседателот на СНБ во заминување Томас Јордан изјави дека франкот имаше „материјално влијание“ на ревизија на политиките, но го намали ризикот од дефлација. Тој појасни дека креаторите на политиките остануваат подготвени за дополнително прилагодување на монетарната политика за да се соочат со инфлацијата.
Аналитичарите сметаат дека е се поверојатно банката да се потпира на девизни интервенции за да се спречи Швајцарија да влезе во дефлациско опкружување.
- Постои одреден простор за натамошно намалување на каматните стапки, но ако се има предвид можноста од апрецијација на франкот и влегувањето на Швајцарија во подрачјето на дефлација, има смисла СНБ директно да влијае на вредноста на валутата преку девизните интервенции, изјави Адриан Претејон, европски економист, пренесува „Сеебиз“.
фото freepic