Финансии / Банкарство

КОЛКУ ЕВРА ВО ПРОСЕК ШТЕДАТ ХРВАТИТЕ?

28.10.2024

Над половината хрватски граѓани сметаат дека финансиската состојба им се влошила во последните две до три години, но  просечниот износ на месечна заштеда им се зголемила за четири евра во однос на 2023 година. Просечниот месечен износ на заштеда на граѓаните изнесува 77 евра, покажало истражувањето на агенцијата ИМАС, спроведено во јули и август годинава.  

Од примерокот од 500 испитаници, 31 отсто изјавиле дека месечно издвојуваат од 51 до 100 евра, додека 23 отсто од анкетираните  воопшто не штедат.

Истражувањето се спроведува секоја година по повод Светскиот ден на штедењето на 31 октовмри. Пред десет години штедачите во Хрватска во просек одвојувале околу 60 евра месечно, а пред пет години штеделе повеќе од 62 евра.

Мажите во Хрватска во просек  штеделе по 82 евра месечно, во однос на 70 евра кои ги штеделе жените.

Во споредба со штедачите од Европа, граѓаните во Австрија во просек штедат 308 евра месечно, Чесите 134 евра и Словаците 133 евра. Во Унгарија просечно се штеди по 116 евра, Романците 72 евра и Србите 55 евра, објави „Пословни дневник“.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано