Финансии / Банкарство

МАЛ РАСТ НА КРЕДИТИРАЊЕТО НА ДОМАЌИНСТВАТА ВО ЕВРОЗОНАТА

25.10.2024

Кредитирањето на компаниите и граѓаните во еврозоната забележа благо зголемување во септември за 1,1 отсто во споредба со истиот месец лани, покажале прелиминарните податоци на Европската централна банка (ЕЦБ).

Стапката на раст на кредитирањето е највисока од минатиот јули. Кредитирањето на домаќинствата во септември е зголемено за 0,7 отсто.

На почетокот на јуни, ЕЦБ ги намали клучните каматни стапки за првпат по четири години, за четвртина процентен поен, што укажува на ублажување на инфлацијата. Во септември и октомври, исто така беше намалена каматата за четвртина процентен поен, пренесува „Индекс.хр“.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано