Финансии / Банкарство
Остар пад на индексите на Волстрит
24.10.2024
Вредноста на акциите на вчерашното тргување на берзите во САД забележаа силен пад. Индексот Dow Jones Industrial Average имаше најлош ден во последниот месец, бидејќи повисоките приноси на државните обврзници влијаеше на расположението на инвеститорите. Индексот Dow Jones се намали за 409.94 бодови или за 0,96 отсто на 42.514 бодови.
Индексот S&P 500 изгуби од вредноста 0,92%, а тргувањето го заврши со 5.797,42. Nasdaq Composite се намали за 1,6% и достигна 18.276,65.
Акциите од компаниите во технолошкиот сектор беа под силен притисок на вчерашното тргување. Акциите на Нвидиа паднаа за 2%. Meta Platforme изгуби 3%, пренесе „Сеебиз“.
фото freepic