Вести
Тројца загинати и петмина повредени во сообраќајката пред тунелот кај Катланово
16.10.2024
Три лица загинаа, а пет се повредени во сообраќајката што се случи попладнево на автопатот Скопје - Велес, велат од МВР за МИА. Несреќата е пријавена во 17.45 часот, а до неа дошло откако на автопатот Скопје - Велес, пред тунелот, се превртело комбе.
-До сега е констатирана смрт кај три лица, а пет се пренесени во болница за укажување помош. На лице место се упатени полициски екипи и јавен обвинител, изјавија од МВР за МИА.
Според АМСМ, поради сообраќајката се блокирани двете сообраќајни ленти на автопатот Скопје - Велес. Сообраќајот е во прекин од 17.45 часот и се пренасочува преку Петровец - Велес (по стариот пат), Миладиновци - Св.Николе - Велес - Штип.
Извор/фото МИА