Вести
ВО ТУРЦИЈА СТО ПОВРЕДЕНИ ЛИЦА ВО СИЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС СО ЈАЧИНА ОД 5,9 СТЕПЕНИ, Малатија минатата година беше погодена од разорните земјотреси од 7,6 и 7,7 степени
16.10.2024
Речиси 100 лица се повредени во денешниот земјотрес со јачина од 5,9 степени во источна Турција, јави турската телевизија НТВ.
Земјотресот бил регистриран во градот Кале, во округот Малатија, во 10:46 часот по локално време, соопшти турската владина управа за справување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10,07 километри.
Земјотресот бил почувствуван во многу окрузи во источна и централна Турција, како и во Сирија.
Следеа 77 последователни потреси, информира електронското издание на градот „Сјозџу“.
Гувернерот на покраината Елазиг, Нуман Хатипоглу изјави дека во областа се пријавени 94 ранети. Хатипоглу додаде дека е причинета голема материјална штета на две згради, јави НТВ.
Малатија е меѓу најтешко погодените окрузи од разорните земјотреси на 6 февруари минатата година со јачина од 7,6 и 7,7 степени, во кои загинаа над 53.000 луѓе.
Извор/фото МИА