Lifestyle
МОНТ ЕВЕРЕСТ СЕКОЈА ГОДИНА РАСТЕ!- тврдат кинеските научници од Унивезритетот во Пекинг
06.10.2024
Монт Еверест е највисока планина во светот со 8.848 метри, но секоја година е се повисока, тврдат кинеските научници од Универзитетот за геонаука во Пекинг. Студијата за растењето на планината е објавен во мазагизнот„Nature Geoscience“.
Оваа појава научниците ја објаснуваат со спојувањето на двата блиски речни система, пред 89.000 години и поврзувањето на водените системи на реката Коси и Арун. Потоа планината почнала да расте за 0,2 до 0,5 милиметри и до сега е „порасната“ за 15 до 50 метри.
Научникот Јин-Гео Даи, еден од водечките автори на студијата, објаснува дека растот на Еверест се случува со подигнување на копнената маса на земјината кора кога тежината на површината се намалува.
Надворешната кора односно најдворешниот слој на нашата планета, плута на површината на жешка и полутечна карпа. Со спојување на реките и со надмоќта на Коси над реката Арун и со промената на текот на реката во изминатите години, резултираше со забрзана ерозија која ја носеше огромната количина на земја и карпи и на тој начин ја намалуваше тежината на подрачјето околу Еверест.
- Кога тешкиот товар како мраз и еродирана карпа се тргне од земјината кора, земјата која се наоѓа под тој простор се издигнува, слично кога чамецот се подигнува на водата откако ќе се истовари товарот, објаснува ДАИ.
Кога реката Арун се споила со другата поблиска река, новиот тек го пробил длабокиот кањон. Новиот речен систем го проширува кањонот, а планината се издигнува до два милиметри годишно. Колку повеќе речните системи се вдлабуваат во земјината кора, губитокот на тежок материјал предизвикува растење на планината, додава Даи, пренесува „Бизнис лаив“.
фото freepic