Финансии / Банкарство

ИНФЛАЦИЈАТА ВО ТУРЦИЈА ПАДНА ПОД 50 ОТСТО, цените во образованието повисоки за 93 отсто

Годишната стапка на инфлација во Турција во септември се намали на 49,38 отсто, а во август изнесуваше 51,97 отсто, објави денеска Турскиот институт за статистика (Туркстат).

Ова е четврто последователно намалување на инфлацијата во Турција и сега е  најниска од јули 2023 година.

Цените на храната и на безалкохолните пијалоци во Турција во септември се зголемиле за 43,72 отсто, на транспортот за 26,6 отсто, услугите во хотелите, кафулињата и рестораните за 65,41 отсто, алкохолните пијалоци и тутунот за 52,35 отсто, услугите во здравството за 50,7 отсто и во образованието за 93,59 отсто. Растот на цените во образованието се должи на зголемување на школарината на факултетите и на училишниот превоз. Месечниот раст на цените во образованието се зголемиле за 14,2 отсто.

На месечно ниво инфлацијата во Турција се зголеми за 2,97 отсто во однос на август, објави Туркстат.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано