Финансии / Банкарство
ЦРНА ГОРА СТАНУВА ПРВА ЗЕМЈА ЧЛЕНКА НА СЕПА ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН
02.10.2024
Црна Гора е првата земја од Западен Балкан која од 1 јануари 2025 година станува членка на СЕПА, Единствената област систем за плаќање во евра, објавија од Централната банка на Црна Гора.
- Очекувам Црна Гора да биде првата земја која од ЗБ ќе пристапи во СЕПА, од 1 јануари 2025 година, а Албанија и Северна Македонија да бидат следните. Србија исто така покажува голем интерес за пристапување. Се надеваме по истиот пат набрзо ќе тргнат Косово и Босна и Херцеговина, изјави Герт Јан Копман, генералниот директор на DG NEAR.
Црна Гора во јули го предаде формалното барање за придружување во Единствениот простор за плаќање во евра. Членството во СЕПА ќе донесе бројни поволности за граѓаните и економијата, со намалување на трошоците и времето за извршување на трансакциите и ќе ги поедностави прекуграничните плаќања на европскиот пазар.
СЕПА е иницијатива која е почната во 2008 година сo поддршка на Европската комисија и Европската централна банка со цел за стандардизација на платните системи во Европа. Во овој „платен простор“ се наоѓаат 36 земји, сите земји членки на ЕУ и Велика Британија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, Швајцарија, Монако, Сан Марино, Андора и Ватикан, пренесе „Инвеститор.ме“.
фото freepic