Општество

Освојувачот на сребрен медал на Шаховската Олимпијада, Тони Лазов, на прием кај Генералниот директор/Претседател на УО на „Алкалоид“ АД, Живко Мукаетов

ИМ Тони Лазов (24) веќе 15 години е дел од Шаховскиот клуб „Алкалоид“. Лазов ги мина сите младински категории и започна да освојува меѓународни шаховски титули, етаблирајќи се како најголема надеж за македонскиот шах. Минатата година тој ја освои својата прва велемајсторска норма, а оваа година стана државен првак на Македонија. Неговата кариера е извонреден пример за значењето и за начинот на функционирање на шаховската школа на ШК Алкалоид, во која најдобрите македонски велемајстори им го пренесуваат знаењето на идните генерации.
„„Алкалоид“ и натаму се држи до својата долгогодишна традиција и посветеност на развојот на спортот во Македонија и продолжува да дава поттик за напредок преку континуирана поддршка за талентираните спортисти. Воспоставената стратегија придонесува за нивно професионално усовршување и за постигнување врвни резултати, а „Алкалоид“ се гордее со постигнатите успеси на своите членови“, велат од компанијата.

ПРЕПОРАЧАНО