Финансии / Банкарство
НБС ГИ ОБЈАВИ ПРЕДЛОЗИТЕ ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА КАМАТИТЕ, номиналната каматна стапка кај новите станбени кредити се ограничува до 5,44 отсто
09.09.2024
Народна банка на Србија ги објави предлог измените на законот за ограничување на каматните стапки, чија максимална вредност на кредитите за граѓаните треба да биде објавувана двапати годишно – на 1 јуни и 1 декември. Горната граница на каматните стапки ќе зависи од просечната пондерирана каматна стапка, која се пресметува на основната каматна стапка кај веќе одобрените кредити. Така, сега номиналната каматна стапка кај новите станбени кредити не би можела да биде поголема од 5,44 отсто. Кај постојните станбени кредити со променлива каматна стапка таа се ограничува до 31 декември 2026 година. По овој период и за оваа каматна стапка ќе важи ограничувањето за новоодобрените кредити со просечна пондерирана каматна стапка зголемена за една петина, пренесува Н1.
Народна банка на Србија предлага да се воведе пониска и посебна стапка за законски затезната камата која би се применувала за паричните обврски за доцнење од физичките лица. Предлогот на НБС е оваа стапка да биде за два процентни поени пониска од општата стапка на затезната камата, односно да одговара на збирот на референтната каматна стапка на НБС, односно на референтните каматни стапки на другите централни банки за нивните валути, и шест процентни поени. Ова значи дека би се применувала стапка на затезна камата од 12 отсто на заемите во динари, односно од 10,25 отсто за обврските со валутна клаузула. Додека општата важечка затезна законска стапка е 14 отсто, односно 12,25 отсто.
За готовинските и потрошувачките кредити, кои се одобруваат во динари, се предвидува ограничување на номиналната каматна стапка која одговара на просечно пондерираната каматна стапка зголемена за 25 отсто. Според сегашните показатели, максималната каматна стапка за овие кредити би била 15,67 отсто. Ограничувањето на каматните стапки се опфатени и кредитините картички и дозволено и недозволеното пречекорување, пренесува Н1.
фото freepic